Силен земјотрес рано изутрина го погоди подрачјето долж брегот на италијанската област Калабрија, при што потресот бил почувствуван и во поширок регион, вклучително и до градот Неапол, јавуваат италијанските медиуми.
Епицентарот на земјотресот бил лоциран во Тиренското Море, во близина на градот Козенца, околу 240 километри југоисточно од Неапол.
Според податоците на Италијанскиот институт за геофизика и вулканологија, јачината на потресот изнесувала 6,1 степени според Рихтер, со епицентар на голема длабочина од околу 250 километри.
Италијанската новинска агенција АНСА наведува дека земјотресот бил почувствуван низ речиси цела Калабрија, како и во поширокото подрачје околу вулканот Везув, а потреси биле регистрирани и кон регионот Базиликата.
Според првичните информации, засега нема пријави за материјална штета или повредени лица.
