„Ќе остане запаметен по неговата ведрина, позитивната мисла и поддршката што безрезервно им ја даваше на сите“

Тажната вест ја објавија од СДСМ

Со длабока тага ја примивме веста за смртта на нашиот долгогодишен член, посветен активист и поранешен советник во Општина Македонски Брод (2017-2021), Митре Јосифоски.

Митре беше вистински партиски другар кој со својата смиреност и одмереност служеше како пример за чесно и достоинствено политичко делување.

Ќе остане запаметен по неговата ведрина, позитивната мисла и поддршката што безрезервно им ја даваше на сите. Неговата активна вклученост во општествениот живот остави значаен придонес во напорите за подобрување на квалитетот на животот во Самоков и Порече.

ОО СДСМ Македонски Брод упатува искрено и длабоко сочувство до неговото семејство, најблиските, пријателите и сите што го познаваа.

Нека му е вечна слава.