Според информациите од УХМР, нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер вечерва има во Кривопаланечкиот регион.
Надлежните институции апелираат до граѓаните да бидат внимателни при движење на отворено,
да избегнуваат престој во близина на дрвја и нестабилни објекти за време на невреме и редовно да ги следат најновите метеоролошки информации и предупредувања.
Состојбата ќе се следи и јавноста навремено ќе биде информирана за евентуални промени и дополнителни препораки.


