Нови детали за полициската акција во која беа приведени Богоев и уште три лица

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и поранешен директор на Царинската управа, Стефан Богоев, е приведен.

Освен него, во акцијата на финансиската полиција се приведени уште три лица, а за други се преземаат истражни дејствија.

Според информациите до кои дојде “Фокус”, станува збор за тендер за хигиена и одржување на гранични премини и терминали од 2023 година, бизнис зделка тешка 20 милиони денари.

Нашите извори тврдат дека во моментот приведените се носат на распит во полициска станица.

Повеќе детали за акцијата ќе се знае во текот на утрешниот ден.