Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и дневни температури од 22 до 32 степени Целзиусови.
Претежно во планинските региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и дневни температури од 26 до 34 степени.
Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

