УЖАС: Автомобил прегазил маж и жена додека преминувале коловоз

 Сообраќајна несреќа се случила вчера кај нелегалниот пешачки премин кај Бит Пазар. Во попладневните часови автомобил удрил во маж и жена додека го преминувале коловозот.

Во несреќата, двајцата се здобиле со телесни повреди, но според првичните информации се надвор од животна опасност.

На местото на несреќата интервенирале екипи на Итната медицинска помош и полицијата, кои работат на утврдување на сите околности на случајот.

Во минатото, на оваа локација се имаат случено повеќе сообраќајни несреќи, при што некои завршиле и со фатални последици.

Неодамна, на ова место имаше обид за затворање на нелегалниот премин, но по реакциите и протестите на граѓаните, работите беа прекинати.