Вечерва се отвора небото – ова никако НЕ СМЕЕТЕ да го направите денес

Православните верници денеска го одбележуваат големиот празник посветен на Третото наоѓање на чесната глава на Свети Јован Крстител. Овој ден, кој во црковниот календар секогаш паѓа на 7 јуни, со себе носи силни верувања, строги забрани и обичаи кои со векови се пренесуваат од колено на колено.

Свети Јован Крстител спаѓа меѓу најпочитуваните светители во христијанскиот свет, а неговиот спомен се прославува неколку пати во текот на годината (на 20 јануари, 7 јули и 29 август). Сепак, денешниот празник е специфичен бидејќи го одбележува настанот од 9 век, кога за време на иконоборството, главата на светителот била засолнета во местото Комане, а по престанокот на прогоните, во 850 година била свечено пренесена во Цариград.

Што никако не смеете да допрете денес?

Според народните обичаи, денеска постои една многу важна забрана која строго се почитува. На овој ден никако не смеат да се допираат ножеви или какви било други остри предмети.

Верувањето вели дека со острите предмети симболично можат да се повредат раните на невино страдалниот светител, кој беше погубен со отсекување на главата.

Исто така, верниците денеска избегнуваат какви било тешки физички работи и напорни обврски во домот и на полето.

Точно на полноќ се отвора небото – помислете 3 желби

За овој ден се врзуваат прекрасни народни преданија. Нашите стари верувале дека денеска сонцето буквално „заигрува“ на небото три пати и го менува својот пат, тргнувајќи од север кон југ.

Најпознатото верување е дека точно на полноќ небото се отвора три пати, овозможувајќи им на душите на починатите лесно да влезат во рајот. Старите велат дека оној кој ќе ја дочека полноќ буден, треба да погледне во небото и да си замисли три желби, кои според преданието сигурно ќе му се исполнат во иднина.

Обичај за невенчаните девојки

Покрај ова, празникот носи и посебен обичај за девојките кои сè уште не се мажени, а чувствуваат дека немаат среќа во љубовта.

Се верува дека тие денеска треба да отидат во црква, да запалат свеќа, да се помолат пред иконата на Свети Јован и да остават скромен прилог, со цел светецот да им донесе среќа и благослов во љубовта.