ТАЖНА ВЕСТ: Почина поранешна пратеничка во Собранието на РМ

Со голема тага и искрено жалење ја примивме веста за смртта на Цветле Јанеска, долгогодишен член на ОО на СДСМ – Струга и пратеничка во Собранието на Република Македонија од 2002 до 2006 година, соопштија од СДСМ Струга.

Струга и Македонија загубија личност која со својата посветеност, мудрост и несебичен ангажман остави траен белег во општествениот развој.

Ќе ја паметиме по нејзината добрина, смиреност, човечност и благороден дух со што остави неизбришлива трага.

Нејзиниот лик и дело ќе останат трајно врежани во нашите сеќавања. Изразуваме искрено сочувство до семејството, роднините и пријателите. Нека почива во мир.