До четврток, времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Поради големата енергија и влага во атмосферата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Од УХМР најавуваат дека во петок се очекува процесите да бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град, а температурата ќе опадне за неколку степени.
УХМР информира дека моментално невреме има во југозападниот регион.
Нестабилна облачна маса го зафати југозападниот регион има појава на пороен дожд и ретки грмежи.


