Делови од Скопје вечерва беа погодени од невреме со пороен дожд и грмежи проследени со силни електрични празнења и молњи.
Граѓаните пријавиле силни налети на ветер, а претходно во својата прогноза и Попоски најави дека во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд
и услови за појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер од северен правец (со брзина од над 60 км/час) електрични празнења и можна појава на град.
Засега нема пријавени штети.

