Времето денеска ќе биде променливо облачно и значително посвежо, со повремени врнежи од дожд, а локално и со појава на грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
На одделни места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува засилен, а долж Повардарието повремено и силен северен ветер со брзина над 60 километри на час.
Утринските температури ќе се движат од 10 до 17 степени, додека максималните дневни температури значително ќе опаднат и ќе достигнат од 20 до 27 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд во претпладневните часови. Ќе дува засилен северен ветер, кој во делови од котлината повремено ќе биде и силен. Температурата ќе се движи од 15 до 24 степени Целзиусови.
Според прогнозата на УХМР, во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и посвежо, особено во утринските часови, додека од понеделник повторно се очекува постепен пораст на температурите.

