Беше една од омилените на македонската публика – Ненадејно почина познатата актерка

Ненадејно почина познатата актерка од турската хит-серија која ужива огромна популарност кај македонските гледачи.

Еџе Иртем, турската актерка најпозната по улогата на Ишил во серијата „Шербет од брусница, почина на 35-годишна возраст.

Таа била пронајдена во несвест во својот дом утрово, само еден ден по нејзиниот роденден.

Причина за смртта е срцев удар, пренесува порталот „Локално“.

„Мојата клиентка Еџе Иртем почина денеска околу 12:00 часот. Трагачниот настан се случи во нејзиниот дом додека беше со својата мајка.

Според првичните наоди, сметаме дека причина за смртта е срцев удар. Истрагата е во тек, а точната причина официјално ќе биде соопштена по обдукцискиот извештај. Јавноста ќе биде дополнително информирана кога ќе пристигнат резултатите. Изразувам најдлабоко сочувство до нејзиното семејство и до сите нејзини најблиски“, порача Угур Гокујун, адвокат на Еџе Иртем.