Пристигна убава вест: Овие граѓани да си ги проверат сметките – власта изврши исплата

Како што соопшти премиерот Христијан Мицкоски, во текот на денешниот и утрешниот ден ќе бидат исплатени субвенциите од две милијарди денари за тутунарите- иако рокот за исплата е до 30 јуни.

– Ако се собере вкупниот број на исплатени субвенции од страна на владата на СДСМ и ДУИ во периодот 2021, 2022, и 2023 година

како директни плаќања и поддршка на Програмата за рурален развој, тогаш ќе дојдеме до вкупна сума за три години помала од 14 милијарди денари.

Оваа Влада, за две години, има исплатено околу 15 милијарди денари што значи една милијарда денари повеќе отколку што тие исплатија за три години. Тоа е вистината и ова се бројки – истакна премиерот Мицкоски.