Вработен во ЈП „Комуналец“ – Гостивар загина при чистење на одводни канали во атарот на селото Горно Јеловце, соопштија од СВР Тетово.
На 15 јуни, во 12:47 часот, до полицијата била пријавена информација дека во воден канал има починато лице.
Полициските службеници излегле на терен и утврдиле дека станува збор за Н.М. (64) од селото Дебреше, вработен во ЈП „Комуналец“ – Гостивар.
Според првичните информации, тој заедно со колеги бил на локација со одводни канали за прибирање на проточни води.
За време на работните активности, се заглавил во еден од каналите.

