ТРАГЕДИЈА: Вработен во ЕВН го загубил животот на работното место

Работник на ЕВН од Крива Паланка починал во селото Огут, кривопаланечко, додека извршувал работни задачи.

Како што соопшти МВР вчера во 13:00 часот, во ОВР Крива Паланка, од Јавната здравствена установа Крива Паланка е пријавено дека на место викано „Пољана” во с.Огут, кривопаланечко, има починато лице.

-По преземени мерки било констатирано дека се работи за С.Ј.(52) од Крива Паланка, вработен во ЕВН, кој починал додека  извршувал работни задачи.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција, соопшти полицијата.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Крива Паланка.