Мирјана Митрева со моќна изведба на „Заветна“ – време е за македонска поддршка

Во третото коло од големото финале, македонската натпреварувачка Мирјана Митрева блесна на сцената со феноменална изведба на песната „Заветна“, освојувајќи ги симпатиите на публиката и покажувајќи зошто заслужено е меѓу финалистите.

Во третото коло настапува и вториот македонски претставник, Бојан Илиевски, кој исто така достојно ја претставува Македонија на најголемата регионална музичка сцена.

Сега е време да ја покажеме нашата поддршка! Ги повикуваме сите Македонци да гласаат и да застанат зад нашите кандидати.

Да им помогнеме на Мирјана и Бојан да стигнат до врвот и да ја претстават Македонија на најдобар можен начин.

Гласајте и поддржете ги нашите финалисти! Заедно до победа!