Голем успех за македонските претставници во финалето на „Ѕвездите на Гранд“!
Мирјана Митрева и Бојан Илиевски успеаја да се пласираат во суперфиналето и сега се меѓу последните тројца кандидати кои се борат за победата.
Со одличните настапи и поддршката од публиката, двајцата македонски кандидати стигнаа до самиот крај на натпреварувањето и се на чекор до големиот триумф.
Сега сè е во рацете на гледачите! Да покажеме единство и да им дадеме максимална поддршка на нашите претставници.
📱 Мирјана Митрева – реден број 12 📱 Бојан Илиевски – реден број 11
Гласајте за Мирјана и Бојан и помогнете Македонија да добие победник во „Ѕвездите на Гранд“!

