Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови во северозападните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи.
Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен северозападен ветер.
Како што соопшти Управата за ходрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Од понеделник следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда (наместа над 15 l/m²).
Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер и грмежи и услови за појава на град.
Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.

