Македонија има причина за голема гордост! Бојан Илиевски е новиот победник на регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, откако со своите извонредни настапи и огромната поддршка од публиката го освои првото место во големото финале.
Успехот е уште поголем ако се земе предвид дека и второто место му припадна на македонски кандидат.
Мирјана Митрева заврши како вицешампионка, со што Македонија доминираше во финалето и ги освои првите две позиции.
По долгата и неизвесна натпреварувачка сезона, Бојан и Мирјана покажаа исклучителен талент, посветеност и квалитет.
Ова е историски успех за македонските претставници и доказ дека македонската музичка сцена има што да понуди.
Честитки за Бојан Илиевски за големата победа и за Мирјана Митрева за извонредниот резултат!



