Страшна несреќа го потресе регионот: 24-годишна девојка загина пред очите на татко ѝ

Тешка семејна трагедија ја потресе Босна и Херцеговина, откако 24-годишна девојка од Чешка загина во сообраќајна несреќа во близина на Дрвар, по судар со моторот што го управувал нејзиниот татко.

Несреќата се случила денеска околу 12:15 часот во местото Црљивица кај Дрвар.

Според првичните информации од полицијата, девојката возела мотоцикл веднаш зад својот татко. Од засега неутврдени причини, таа удрила во неговиот мотор, по што изгубила контрола.

Од силината на ударот била исфрлена од моторот и паднала под камион кој во тој момент поминувал по патот. Таа починала на лице место од здобиените повреди.

Нејзиниот татко не се здобил со потешки физички повреди, но му била укажана лекарска помош поради силниот шок што го доживеал, сведочејќи на трагичната смрт на својата ќерка.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата, а истрагата треба да ги утврди точните околности што довеле до оваа трагедија.