ТВ 24 дознава: Познати новите поделби во Владата, следуваат звучни смени!

Здравство за правда , ЕУ интеграции за спорт , социјала за култура, дополнително и местото на Иван Стоиљковиќ во министерството за односи со заедниците за Влен– ова според информациите на Тв 24 е начално дефинирано по вчерашната средба на премиерот Христијан Мицкоски и двоецот Изет Меџити и Билал Касами.

Долнително во Влен остануват и економија и животна средина кои воопшто не влегле во преговороте за ротации.

Иако од Вреди инстирале на образование сепак од ресорот, но  и од Весна Јаневска , премиерот бил дециден дека нема намера да се откаже.

Вицепремиерското место за добро владеење оди кај Мицксоки, дополнително останува и вицепремиерското за политички систем, како и без ресорното за Шабан Салиу, кој според информациите на ТВ 24 се очекуа дефинитивно да биде сменет , нешто што премиерот го најави уште откако Салиу беше обвинет за пожарот во Кочани.

Ова значи дека како што вчера објави ТВ 24 освен Фатамир Лимани, Игор Филков и Арбен Фетаи од Илинденска број 2 си одат Борко Ристевски, Зоран Љутков и најверојатно Азир Алиу,  додека Беким Сали се очекува да ротира. Неизвесно е дали премиерот ќе му се заблагодари на Иван Стоиљковиќ или ќе добие нова понуда. 

Според извори на ТВ  24 сепак иако во Влен веќе планираат експерт за правда , функционер од ВМРО ДПМНЕ вели дека правда е се уште во вакум позиција, иако според него поблиску е да оди кај ВЛЕН, отколку кај нив . Според истиот функционер во реконстрираната Влада на Мицкоски ќе има место и за Демократската партија на Турците . Од друга страна вечерва на средбата со Максим Димитриевски, како што вчера објави ТВ 24 на маса ќе му биде понудата за земјоделство., ресор од кој поради приватни причини ќе си замине и Цветан Трипуновски. За неговата готелја веќе се споменува името на државниот секретар во министерството . Официјално од сите партии само  велат дека преговорите се во тек. Мицкоски најави дека очекува на 1 јули предлогот да влезе во Собрание.

Извор: Телевизија 24