Ќе се задржи нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.
Температурите ќе останат високи, но во делови од земјата ќе бидат малку пониски во споредба со претходните денови. Минималните температури ќе се движат од 13 до 20 степени, а максималните од 27 до 35 степени. Најтопло ќе биде во југоисточните и јужните предели, каде се очекуваат вредности до 35 степени.
УХМР СО НАЈНОВА ВЕСТ:
Нестабилната облачна маса се движи кон Валандово и Валандовскиот регион има појава на пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на град.
Во Штипскиот регион има развој на нестабилност.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со услови за локална нестабилност, дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 17 до 32 степени. На запад и југозапад максималните температури ќе бидат околу 27 степени, додека во источните делови ќе се движат околу 27 до 35 степени.

