УХМР најавува сончево и многу топло време со температури до 38 степени, додека попладне во планинските предели се можни пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Денеска (27.06) времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и температуран во интервал од 14 до 38 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Попладне, претежно во планинските предели ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

