НАЈНОВА ВЕСТ: Силно невреме со појава на суградица во овој регион во Македонија

Според најновите информации од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Скопската Котлина во моментов има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на одделни места можна е и појава на суградица.

Радарските податоци покажуваат дека нестабилната облачна маса се движи во правец од исток кон запад,

поради што временската нестабилност во текот на наредниот период може да зафати и други делови од котлината и западните региони.

Граѓаните се повикуваат на зголемена внимателност при движење и да ги следат најновите информации и предупредувања од УХМР.