ОБЈАВЕНА МАПА: Силно невреме во овие два македонски градови – еве во кој правец се движи

Според најновата радарска слика на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на повеќе места во земјава се регистрира атмосферска нестабилност.

Најинтензивни процеси со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа појава на град се забележани источно од Неготино и Скопје.

Според движењето на облачната маса, во текот на наредниот период овие нестабилни процеси се очекува да зафатат делови од Скопската Котлина и подрачјето на Неготино.

Поинтензивна нестабилност е регистрирана и во околината на Општина Градско, каде што исто така има услови за поројни врнежи, грмежи, засилен ветер и локална појава на град.

УХМР препорачува граѓаните да бидат внимателни, особено при движење на отворено и во сообраќајот, поради можните интензивни временски појави.