Подгответе се за невреме! УХМР со најнова вест

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре најавуваат променливо облачно и нестабилно време со повремен локален дожд и грмежи.

Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град.

Од УХМР исто така посочија дека во петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град.

Потоа следува период на стабилно и сончево време. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.