Тешка несреќа – жена итно пренесена во болница

На 30 јуни 2026 година, во 18:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека на 29 јуни 2026 година, околу 09:30 часот на паркинг простор во струшкото село Мислешево, велосипед управуван од 39-годишна жена од Струга,

удрил во паркирано патничко возило „Фолксваген Голф“ со струшки регистарски ознаки, паркирано од 71-годишник од селото Мислешево.

– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила 39-годишната стружанка, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.

За настанот е известен јавен обвинител, а извршен бил увид од увидна екипа, информираат од СВР Охрид.