Според најновите информации од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), силна нестабилност е активна во регионот на Овче Поле, каде што има интензивен пороен дожд, чести грмежи, засилен ветер и појава на град.
Нестабилниот систем се движи во правец од исток кон запад и во наредниот период се очекува да го зафати подрачјето на Свети Николе.
Граѓаните од овој регион се повикуваат на зголемена внимателност, особено при движење на отворено и во сообраќајот, поради можните краткотрајни, но интензивни временски непогоди.
Надлежните препорачуваат редовно следење на официјалните информации и предупредувања од УХМР за понатамошниот развој на временската состојба.


