Според најновите информации од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), силно невреме ја зафати Скопската Котлина, каде што е регистрирана појава на град, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поинтензивни нестабилни процеси се развиваат и во околината на Демир Хисар, каде што се очекуваат интензивни врнежи, електрични празнења и локално невреме.
Од УХМР апелираат граѓаните да бидат внимателни, особено при движење на отворено и во сообраќајот, бидејќи временските услови можат брзо да се влошат.
Се препорачува редовно следење на официјалните информации за понатамошниот развој на временската состојба.


