Дваесет и четиригодишен жител на Скопје бил пронајден починат во својот семеен дом во населбата Гази Баба, информира Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, на 4 јули 2026 година во 12:50 часот во СВР Скопје,
од Итната медицинска помош било пријавено дека во семејниот дом починал М.Ц. (24) од Скопје. Според пријавеното, тој имал здравствени проблеми.
Лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, по што ќе бидат утврдени точните причини за смртта.

