Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила во Гостивар. Зад воланот на едното возило кое учествувало во судирот бил 70-годишен возач.
– На 06.07.2026 во 23:10 часот, во ОВР Гостивар е пријавено дека во населба Млаки во Гостивар, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен берлинго“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Р.Ј. (59) од Гостивар, и патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Р. (70) од Гостивар.
При тоа со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи Р.Ј. и О.Р., како и сопатниците М.С. (64), З.И. (45) и С.Р. (60), кои се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Сопатниците Д.П.Г. (59) и П.А. (54), се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гостивар, информираа од МВР.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

