ТРАГЕДИЈА: 23-годишна Македонка пронајдена мртва во стан во Грција

23-годишна девојка од Македонија е пронајдена мртва во стан во областа Неаполи во Солун, објавија грчките медиуми.

Според информациите, нејзините родители подолго време не можеле да стапат во контакт со неа, по што близок роднина заминал до станот во кој престојувала.

Таму ја пронашол девојката без знаци на живот и веднаш биле известени надлежните служби.

Грчките медиуми јавуваат дека на телото бил извршен првичен преглед, а според досега собраните податоци не биле утврдени траги кои би упатувале на кривично дело.

Надлежните органи продолжуваат со постапката за утврдување на точните околности и причината за смртта.