Туристи се враќале од Острог кога се случи трагедијата

Тешка сообраќајна несреќа попладнево ја потресе Црна Гора, откако мини-бус полн со туристи од Србија излета од патот и се преврте во местото Липци, во близина на Никшиќ.

Според првичните информации, во оваа трагедија едно младо девојче го загуби животот, а повеќе лица се здобија со тешки телесни повреди.

До несреќата дошло кога мини-бусот, кој се движел од правец од Никшиќ, се превртело на патот по удар во камена косина.

Се враќале од манастирот Острог?

Директорот на Специјалната болница за ортопедија, неврохирургија и неврологија „Васо Ќуковиќ“ во Рисан, д-р Дино Пагнако, за црногорските медиуми потврди дека во болницата се хоспитализирани голем број повредени патници, меѓу кои повеќето се државјани на Србија.

„Од 14 пациенти кои се задржани на болничко лекување, петмина се наоѓаат на интензивна нега, додека деветмина се лекуваат од тешки повреди. Се работи за граѓани на Србија кои престојувале во Бока во колективно сместување.“

„Според информациите со кои располагам, тие биле на поклоничко патување во манастирот Острог и несреќата се случила при нивното враќање“, изјави д-р Пагнако, пренесе вечерва српскиот портал Телеграф.