Трагедија вечерва го потресе светот: Најмалку 27 луѓе загинаа во голем пожар што зафати бар

Новинската агенција „Асошиејтед прес“ (АП), ги пренесува првите официјални сознанија за можноте причини за катастрофалниот пожар во бар во Тајланд, во кој загонаа најмалку 27 лица.

Сомнежите се дека се случил дефект на електричната инсталација.

Еден од музичарите сведочел дека забележал како густ чад почнал да излегува директно од главниот осигурувач и разводната табла лоцирана во близина на бината.

​Веднаш по појавата на чадот, настанал целосен прекин во снабдувањето со електрична енергија, при што објектот останал во мрак.

По кусиот спој, одекнала силна експлозија, по што за само неколку секунди внатрешноста на зградата се исполнила со непроѕирен и задушувачки чад“, објаснува тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул.