ТРАГЕДИЈА: Маж почина по тешка несреќа

На скопските клиники почина маж од скопско Миладиновци кој на 8. јули паднал од прв кат на куќа. 

– На 12.07.2026 околу 06:45 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје е пријавено дека починал М.А.(56) од село Миладиновци, скопско,

кој на 08.07.2026 бил донесен со тешки телесни повреди, со кои, според пријавеното, се здобил откако паднал од првиот кат од терасата од куќа, инфомрираа од МВР во дневниот билтен. 

По насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција.