Последна вест: Силно невреме вечерва во овој македонски град

Невреме во повеќе делови од Македонија – силни грмежи, пороен дожд и интензивни електрични празнења

Според најновата радарска слика на УХМР, силно невреме проследено со пороен дожд и интензивни електрични празнења е регистрирано северозападно од Велес.

Невремето се движи во правец исток-југоисток, при што се очекува да зафати нови подрачја долж својата траекторија.

Во меѓувреме, нестабилна облачност со дожд и грмежи се приближува кон северните делови на Скопје, каде во наредниот период се очекува влошување на временските услови.

Пороен дожд и грмежи веќе се регистрирани во Куманово, каде локално врнежите се поинтензивни.
Граѓаните се повикуваат на претпазливост поради можноста од интензивни врнежи, силни електрични празнења и локално засилен ветер, како и редовно да ги следат официјалните информации и предупредувања од УХМР.