УХМР со предупредување: Силно невреме му се приближува на овој македонски град

Според најновите информации, силно невреме проследено со пороен дожд и грмежи во моментов ја зафаќа Македонска Каменица.

Нестабилниот облачен систем се движи кон Делчево, каде во наредниот период се очекуваат врнежи од дожд, засилена грмежлива активност и локално засилен ветер.

Се препорачува граѓаните да бидат внимателни, да избегнуваат престој на отворено за време на грмежите и редовно да ги следат најновите информации за временската состојба.