Двајца возачи се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што рано утринава се случила на регионалниот пат Јажинце–Тетово, во тетовското село Порој.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 03:15 часот, а во неа учествувале патничко возило „Сеат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот Р.Р. од село Слатино, и патничко возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот Е.Н. од село Порој.
Во судирот двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Тетово.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Тетово, а причините за сообраќајката се утврдуваат.

