Ударна вест: Уапсена директорката на гостиварски „Комуналец“

Пред неколку минути, полицијата ја уапси директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ во Гостивар, Артана Асани, јавува Алсат телевизија.

Според првичните информации, со неа се уапсени и двајца нејзини соработници, техничкиот директор, Леон Нуредини, и раководителот на водоводот, Вадедин Дервиши.

Се очекува двајцата наскоро да се појават пред обвинителството, а судијата на претходна постапка ќе им одреди мерки на претпазливост.