Утрово западните делови на Македонија се зафатени од нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер.
Локално врнежите се со поинтензивен карактер, а не е исклучена и појава на силни електрични празнења.
Според моменталната состојба, нестабилната воздушна маса постепено ќе се преместува кон исток, па во текот на денот услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има и во други делови од земјата.
На граѓаните им се препорачува внимателност при движење и престој на отворено, особено во подрачјата каде ќе има поизразена нестабилност.


