Невреме проследено со пороен дожд, грмежи и засилен до силен ветер се приближува кон Гостивар.
Според моменталната состојба, се очекува во овој регион во наредниот период да има интензивни врнежи, грмежи и силни налети на ветер.
Во меѓувреме, врнежи од дожд веќе се регистрираат во Скопје и Куманово.
За разлика од западните делови на земјата, каде атмосферата беше постабилна пред развојот на оваа нестабилност, во северниот дел не се очекува појава на посилно невреме.
Причината е што атмосферата над Скопската и Кумановската котлина е веќе значително изладена од претходното невреме, што ја намалува можноста за развој на нови силни грмежливи процеси.
Граѓаните во Гостиварскиот регион се повикуваат на претпазливост поради можни силни налети на ветер, обилни врнежи и електрични празнења.

