ТРАГЕДИЈА: Во корито од селска чешма пронајдена почината жена

Вчера во 17:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во коритото од селската чешма во село Копаница,

скопско, била пронајдена почината Ќ.А.(55) од селото, која била здравствени проблеми.

Како што се наведува во полицискиот билтен, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. 

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.