МВР информира дека вчера попладне во 16:50 часот на бул. „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Р.А.(53) од с. Стримница.
Пријавениот, управувајќи патничко моторно возило „мерцедес“ со германски национални ознаки,
не застана на знак за запирање, даден од полициски службеници, и со возилото удри полициски службеник.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

