Силен земјотрес вечерва ја стресе Грција – еве каде е епицентарот

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција вечерва.

Според EMSC, земјотресот се случил на длабочина од 5 километри под површината на земјата во 22:10 часот по локално време, односно 23:10 часот по грчко време.

Земјотресот е регистриран на 149 километри од Лариса и 20 километри северозападно од Јанина.