Вечерва сообраќајка кај Велес – првични информации

Сообраќајна несреќа меѓу две патнички возила се случила вечерва околу 18:55 часот кај Градскиот саат во Велес.

Според првичните информации, едното возило се движело од правец на Стариот мост, додека другото пристигнувало од правец на маркетот „Жито“. Засега нема официјални информации дали во несреќата има повредени лица, ниту што точно довело до судирот.

Полициски екипи веднаш пристигнале на местото на настанот, го обезбедиле просторот и започнале увид, поради што овој патен правец моментално е затворен за сообраќај.

Несреќата се случила во период кога низ Велес поминувала коњаница, што дополнително предизвикало голем сообраќаен метеж во централното градско подрачје.

Повеќе информации за околностите на несреќата и евентуалните последици се очекуваат по завршувањето на увидот од страна на надлежните служби.