ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈA: Лошата вест брзо се прошири – почина познатиот македонски пејач

Ненадејно почина Стојан Зравевски-Столе пејач и кларинетист во познатата битолска група „Боеми“.

Тажната вест ја објавиј члеовите од групата, простувајќи се од нивниот долгогодишен колега.

-Со неизмерна тага ја споделуваме веста дека нè напушти нашиот Столе. Замина нашиот долгогодишен другар, музичар и дел од семејството на групата Боеми. Зад себе остави безброј спомени, песни, настапи и моменти кои засекогаш ќе останат во нашите срца. Столе, ти благодариме за сè што поминавме заедно – за пријателството, хуморот, насмевките и музиката што ја споделувавме низ годините. Почивај во мир, Столе. Никогаш нема да бидеш заборавен. Нека ти е светол патот до вечноста, напиша неговите „Боеми“.

Столе поседнава година ја водел битката со канцрот, рекоа за Канал77.мк членовите на групата.

-Не го дочека роденденот, сега требаше да наполни 63. Се бореше со карцином и по операцијата беше многу подобро. Но, вчера му се слошило и утрово, за жал, почина. Голема загуба е за бендот и за сите нас. Беше навистина другар полн со хумор и добар музичар, ркоа тие за Канал77.мк.

Не постои битолчанец кој на овој тажен ден нема да се сети на моментите кога Столе им ги отпеал најголемите и најомилени хитови, без разлика дали се од македонска или југословенска музика. Стола ќе остане дел од колективната меморија на неколку генерации битолчани.

Групата „Боеми“ постои повеќе од 30 години на македонската музичка сцена. Изведуваат староградски песни, серенади и забавна музика карактеристични за битолскиот амбиент.