ПРВИ СНИМКИ: Доцна синоќа страотна сообраќајка го потресе регионот, едно лице загина, повеќе се повредени

Screenshot

Едно лице загина, а три лица се повредени, меѓу кои и 10-годишно дете, во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска, кратко по полноќ, се случила во местото Степоевац, во општина Лазаревац.

Во несреќата учествувале два автомобила, а повредените веднаш биле пренесени и згрижени од екипи на Итната медицинска помош.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата за да ги утврдат причините и околностите под кои дошло до судирот.

Поради интервенцијата на службите и увидот, сообраќајот на оваа делница бил целосно во прекин неколку часа.