Поради сообраќајна несреќа што се случила во близина на м.в. Превалец, сообраќајот на патниот правец од Виница и Македонска Каменица кон Кочани во моментов е целосно во прекин.
Според информациите добиени од возачи кои се наоѓаат на местото на настанот, возилата се задржани, а сообраќајот е блокиран до понатамошно известување.
На возачите им се препорачува да ја избегнуваат оваа делница и да користат алтернативни патни правци доколку тоа е возможно.
Повеќе информации се очекуваат по официјалното соопштение од надлежните институции.

