ПРВИ СНИМКИ: Тешка сообраќајка во Македонија – има повредени

Две лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во централното градско подрачје на Скопје, во близина на Собранието и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Според првичните информации, во несреќата учествувале две патнички возила, кои по силниот удар претрпеле сериозни оштетувања. Од јачината на судирот бил оштетен и семафорот поставен на крстосницата.

На местото веднаш пристигнале екипи на Итната медицинска помош, кои им пружиле медицинска помош на повредените лица, по што тие биле пренесени во болница за понатамошно лекување.

Очевидци велат дека возилата пред несреќата се движеле со поголема брзина, но точните причини за инцидентот ќе бидат утврдени по завршувањето на полицискиот увид.

Полицијата е на терен, врши увид и го контролира одвивањето на сообраќајот во овој дел од градот.