Синоќа во 20:30 часот во ОВР Прилеп било пријавено исчезнување на 11-годишно момче од селото Десово, Општина Долнени.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, 34-годишниот А.У. пријавил дека неговиот 11-годишен внук се оддалечил од домот.
Од МВР велат дека се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на детето.

